Извештајот кој неодамна беше објавен од Комитетот за човекови права во Северна Кореја со седиште во Вашингтон открива вознемирувачки детали за центрите познати како центри за превоспитување во комунистичката држава, но „The Sun“ ги коментира како кампови на смртта, по објавувањето на извештајот.
Во извештајот има шокантни тврдења дека луѓето фатени во обид да избегаат од Северна Кореја се затвораат во овие логори и се третираат како робови, и се тераат да работат до смрт.
Осврнувајќи се на сателитски слики снимени во различно време од логорот „Chng San“ број 11, кој се наоѓа источно од главниот град, извештајот тврди дека се прикажани и масовни гробници, каде што може да се поставени телата на затворениците.




