Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Оваа бабичка е првиот балкански сериски убиец – МЕЃУ 50 И 150 ЖРТВИ СЕ НА НЕЈЗИНИОТ СПИСОК

Во банатското место Владимировац во првата половина на 20 век се одигрувала вистинска филмска, за жал, трагична приказна. Постојат неколку извори кои зборуваат за животот на Ана ди Пиштоња, попозната како баба Анујка, а најмногу раскажала сама за време на апсењето и во текот на судењето. Со својата „магична вода“ убила меѓу 50 и 150 луѓе, а таа станала позната како серискиот убиец од Владимировац. 

Ана ди Пиштоња е родена како Ана Дракшин или Дракин, а според неа, била родена во 1837 година. Татко и бил богат паор од војводина, кој со семејството во 1849 година од Романија се доселил во Петрово село, тогашниот назив за Владимировац. На ќерка си и обезбедил добро школување, а посебен интерес покажала кон хемијата. 

Анујка се омажила за 20 години постариот, газда на имот Пистов или Ди Пиштоња со кого имала 11 деца, од кои само едно преживеало до полнолетството. Сопругот и починал после 20 години брак, а Анујка тогаш се вратила на изучување на хемијата.

„Колку е тежок овој проблем?“

После смртта на сопругот, дел од куќата претворила во импровизирана лабораторија, а ширум Банат станала позната како исцелителка и треварка. По смеси и напотоци доаѓале претежно дами, но неретко и момчиња кои сакале да бидат ослободени од служење на воениот рок затоа што напитоците им помагале да се разболат.

Баба Анујка држела кафеана, па била во контакт со голем број луѓе, но имала и соработници во други села кои на очајните жени им ги препорачувале напитоците.

Нејзината смеса била позната како „магична вода“ или „љубовен напиток“, а на клиентите речиси обавезно им го поставувала истото прашање „Колку е тежок овој проблем?“, притоа мислејќи на телесната тежина на жртвата. Иако клиентите верувале дека станува збор за магија, Анујка во нивните напотоци ставала отров, најчесто арсен, а откако ќе ја дознаела тежината на жртвата знаела и кое количество отров да го стави. Клиентите добивале детаљно упатство за користење, со „пророштво“ дека проблемот ќе исчезне на осмиот ден од почетокот на земање на напитокот; што навистина и се случувало, жртвите умирале на осмиот ден, но не заради нејзините моќи, туку заради нејзините точни пресметки за количеството на отров во однос на телесната маса. 

Заедно со своите соработници на територијата на Банат делувала полни четириесет години. Обвинувањата одвреме-навреме стигнувале на адреса на австроунгарските власти, но одговор немало затоа што таа уредно плаќала даноци и живеела мирен живот,

Откривање на убиствата

Кога под сомнителни околности починал и втор маж од блиското опкружување на извесна Стана Момиров, полицијата ја винкнала оваа жена на сослушување. Откако првиот маж на Стана умрел, таа се премажила. Но за брзо време  починал и богатиот чичко на вториот маж на Стана, полицијата решила да го испита случајот. Стана од баба Анујка „магична вода“ со која го убила првиот маж, купила во јануари 1924 година, и тоа за 2 300 динари. 

Баба Анујка својата „магична вода“ ја продала на уште едно семејство – Момиров, Симо и Софија, и тоа во декември 1926 за 5000 динари. Тие планирале да го убијат таткото на Симо, Никола, кој наводно бил насилен кон нив и нивните деца.  

Меѓу случаите за кои и било судено била и смртта на Гаја Прокин, здрав 60-годишен богат вдовец, кој парите ги заработил во Америка. Наследството им го поделил на синовите, а на внукот Милан му ветил земја која требало да ја наследи по неговата смрт. Но Милан и неговата сопруга биле нетрпеливи, па побарале помош од баба Анујка. Со неа на тој случај работела нејзината соработничка Љубинка Миланков, која по рецепт на Анујка направила отров за клиентите, но не доволно силен. Гаја пошол на лекар, но починал на 29 декември 1927. Заради сомнителна смрт му била направена обдукција со која било утврдено дека бил отруен. 

Судење

Првото судење на баба Анујка било неуспешно,поради недоволно докази била ослободена. За второто судење властите биле подобро подготвени. Баба Анујка имала неколку соработнички од кои некои незадоволни од наградите кои ги добивале сведочеле против неа. Изврешни биле и неколку ексхумации и кај сите биле најдени честички на арсен и жива. Но многу клиенти одбиле телата на нивните блиски да се ексхумираат со цел нивната вмешаност да не се доведува во прашање. 

Против баба Анујка е покренато обвинение за убиство на Никола Момиров и Лазар Лудошки. Уапсена е на 15 мај 1928, кога имала 90 години. Пресудата е донесена на 6 јули 1929, а била осудена на 15 години затвор.

Смрт

Постојат две приказни за тоа како завршила баба Анујка, сериски убиец од Владмировац. Едната вели дека била пуштена на слобода кога имала 98 години, после осум години поминати во затвор заради старост, а умрела две подоцна во својата куќа. 

Други извори велат дека во затвор била се до почетокотр на Втората светска војна, која била пуштена од темнината. Според овие извори живеела 104 години.

најчитани вести

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:...

Забава

Секогаш е убаво да се види згодна девојка која си го шета миленичето, а притоа да води сметка за општествената одговорност – плусот е...

Балкан

Во една прилика, Матија Бешковиќ рече дека Јосип Броз Тито останал „голем човек без дела“ како познати оперски пејачи пред уредите за снимање звук....

Забава

Старлета Ана Кораќ која учествуваше во неколку реалити шоуа повторно привлече внимание со сликите во долна облека, која сокри само мал дел од нејзините...