Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Обвинителен акт за татко и син заради дрога и оружје

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, кои како соизвршители го сториле кривичното дело –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член  215  став 1, а едниот од нив и кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, на 28 септември 2020 година овластени службени лица пронајдоа 65 стебла од растението Канабис Сатива со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите. При претресот, пронајдено е и оружје кое еден од осомничените неовластено го држел и тоа 8 патрони – 12 мм за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм.

Заедно со обвинението јавениот обвинител до надлежниот суд достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата осомничени.​​

најчитани вести

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:...

Забава

Секогаш е убаво да се види згодна девојка која си го шета миленичето, а притоа да води сметка за општествената одговорност – плусот е...

Балкан

Во една прилика, Матија Бешковиќ рече дека Јосип Броз Тито останал „голем човек без дела“ како познати оперски пејачи пред уредите за снимање звук....

Забава

Старлета Ана Кораќ која учествуваше во неколку реалити шоуа повторно привлече внимание со сликите во долна облека, која сокри само мал дел од нејзините...