Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Баронот Мицхаузен ја срамоти партијата и ја влече во порази

Карл Фридрих Хиероним фон Минхаузен бил германски барон кој живеел од 1720 до 1797 година и не би требало да биде поврзано актуелните случувања во ВМРО-ДПМНЕ.
За него кружат легенди дека бил еден од најголемите лажговци кои постојат. Тој и пристапил на руската војска во борбата со Турција (секоја поврзаност со актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е случајна ? ). По враќање во родната Германија измислувал и раскажувал неверојатни авантури за време на престојот во Русија. Наводно летал и на месечината. Една од главните теми му биле приказните за неговото јунаштво.
Лагите на Минхаузен станале многу популарни и се употребуваат во општиот говор и денеска кога треба накусо да се објасни некој карактер. Минхаузен останал овековечен и во медицината која како пореметување го дијагностицира „Минхаузеновиот синдром“. Лицата заболени од Минхаузеновиот синдром имаат длабока потреба од внимание и се лажат и се преправаат дека се болни, па дури и се разболуваат за да добијат соодветно внимание.

Баронот Мицхаузен излажа дека бил заслужен што Чешка и Словачка ги блокираа бугарските уцени

Пред неполни недела дена, од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека Претседателот Христијан Мицкоски гостува во емисијата „Јади Бурек“ и се пофалил дека морало да се одработи за да има реакција на Словачка, Чешка и Австрија. Со оглед дека тој не успеа да состави влада, а исто така не знае дали некој од СДСМ ургирал, не е тешко да се претпостави дека сакал да укаже дека тој успеал да издејствува.
Мицкоски тогаш посочил дека Заев заедно со Борисов тргнале со нов план историјата да влезела во заклучоците, за да има Заев оправдување пред граѓаните, односно, да рече дека ако сакаме ЕУ мора да се откажеме од историјата.
„Нашите пријатели од Чешка и Словачка го забележуваат тоа, а потоа им се приклучува и Австрија и викаат не може ова да влезе во заклучоците. Тоа се луѓето кои што повеќе од сопствениот премиер си ја сакаат Македонија. Треба да им честитаме, тие се луѓе дел од Вишеградската група во кој се уште Полска и Унгарија. Ништо не е случајно, така и овие држави не случајно застанаа. Инаку ако тргневме оттука преку исток до Брисел лошо ни се пишуваше, среќа овој народ има пријатели кои го ценат, но има луѓе од внатре кои се борат за овој народ кои се борат за неа“ изјавил Мицкоски.

Како ретко кога на меѓународна сцена, две амбасади одлучија да ги демантираат манипулациите и лагите на една партија. Денеска со заедничка изјава излегоа амбасадорите на Чешка и Словачка кои демантираа дека било кој има заслуги или влијаел на одлуките на Прага и Братислава. Пријателските земји дури ја ословуваат ВМРО-ДПМНЕ како „одреден ентитет“ обидувајќи се да ги исчистат манипулациите на Мицкоски.

– Чешката Република и Словачка јасно ги соопштија околностите кои ги спречија да се согласат со предлог-заклучоците на Советот. Тоа беше сторено преку заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка.

– За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и на Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ.

– Зборувајќи од име и на чешката и на словачката дипломатија, морам да го изјавам следново:

– Ниту чешката ниту словачката дипломатија не се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои би можеле да влијаат на процесот на донесување одлука во Прага и во Братислава.

– Ако постоеле такви напори, таквите активности не стигнале до релевантните актери, односно до лицата што носат одлуки во Чешка и во Словачка.

– Одлуките на министрите Петричек и Корчок беа донесени без какво било влијание од ентитет од Северна Македонија.“

Не е прв пат во партијата да се рашири „Синдромот Минхаузен“

Во март потпретседателот на Александар Николовски се повика на извештај на Обединетите нации и тврдеше дека Македонија била рангирана како земја со недоволно рестриктивни мерки каде изостануваат јасни ограничувања за влез на странски државјани.
Обединетите нации побараа нивното име да не се злопутребува за дневни политички расправии и го демантираа Николовски.
„Организацијата на Обединетите нации нема издадено никаква проценка на владини мерки поврзани со пандемијата предизвикана од новиот корона вирус COVID-19. Ги молиме сите политички партии во Северна Македонија да не го вклучуваат името на Обединетите нации во политичките дискусии”“ беше истакнато во реакцијата, како одговор на тврдењата на Николовски.

Иако во април на граѓаните им беше најважно политичарите да помогнат во надминување на Ковид кризата и не ги интересираше поединечно кој, кому се јавил, Мицкоски одлучи да се пофали дека издејствувал помош во маски и заштитни средства вредна 110 000 евра.

Набргу потоа стигна демант и на оваа вест на Мицкоски преку официјално соопштение од словенечкото Министерство за одбрана.
„Словенија испорача материјална помош во форма на лична заштитна опрема во вредност од 110.000 евра на Северна Македонија, со авиони на словенечката армија Турболет Л-410. Словенија одговори во духот на меѓусебната солидарност на барањето на Северна Македонија, за кое се обрати преку механизмот за цивилна заштита на Европската унија, со цел да се спречи ширењето на ковид-19“, стоеше во соопштението објавено на веб-страницата на Владата на Словенија.

Медиа и претходно пишуваше за манипулациите на Мицкоски,а една од последните е дека тој има обезбедено мнозинство со кое што ќе ја урнел владата на Заев. Од обелоденувањето на овој „успех“ на Мицкоски минаа скоро два месеци и владата се уште не е урната.

најчитани вести

Македонија

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:...

Забава

Секогаш е убаво да се види згодна девојка која си го шета миленичето, а притоа да води сметка за општествената одговорност – плусот е...

Балкан

Во една прилика, Матија Бешковиќ рече дека Јосип Броз Тито останал „голем човек без дела“ како познати оперски пејачи пред уредите за снимање звук....

Забава

Старлета Ана Кораќ која учествуваше во неколку реалити шоуа повторно привлече внимание со сликите во долна облека, која сокри само мал дел од нејзините...