Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

НОВ ФРОНТ ВО ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Андонов бара ИТНА ОСТАВКА од Александар Николоски

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов се огласи на Фејсбук и со жестока реакција побара оставка од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што напиша:

  • Го повикувам потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Александар Николоски да си поднесе оставка од функцијата и да се повлече од политичкиот живот.
    Навистина, господине Николоски нема потреба поради вашите “ЕКСКЛУЗИВНИ” изјави во медиумите кои подоцна се покажуваат како неточни сите ние и целото ВМРО-ДПМНЕ да бидеме заробеници на истите и осрамотени пред нашите пријатели во ЕУ дека сме манипулатори, шириме невистини и не сме сериозни по клучни прашања за нашата татковина Македонија. Јас и многу чесни луѓе во ВМРО-ДПМНЕ не сме манипулатори и не шириме невистини како што и со ништо немаме наштетено на нашата татковина Македонија.
    Вашето повлекување од политиката по онаа несреќна изјава која на 19-ти Декември ја дадовте во емисија на Канал 77, а која денес е јавно демантирана од страна на амбасадорите на Чешка и Словачка како невистина, ќе претставува огромен придонес за демократијата во Македонија и одговорноста која треба да ја имаат политичарите секогаш кон својата татковина.
    Воедно, вашето повлекивање од политиката и од ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже пред граѓаните на Македонија и меѓународните претставници дека ВМРО-ДПМНЕ не стои зад фантамазгорични изјави и погрешни политики, а уште помалку дека вакви јавни бламирања, груби грешки во надворешните релации на партијата и штети врз угледот на партијата треба да бидат толерирани како ништо да не се случило и дека се работи исклучиво за ваша во најмала рака кажано необјаснива и недозволива грешка.
    Недозволиво е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ да поради “непознати причини” нанесува огромна штета на партијата и Македонија.
    Вие на овој начин со својата неодговорна измислена “ексклузивна” изјава ја опструиравте ВМРО-ДПМНЕ во своето претставување како идна сериозна власт во Македонија и довербата на нашите партнери во ЕПП и идни партнери од ЕУ во борбата на сите нас за уривање на предавничката власт на СДС ја урнавте.
    Околу подробностите во вашата несериозна ексклузивна изјава за Канал 77 нема да коментирам, како и да ги образлагам деталите од штетите кои како партија ќе треба да ги трпиме. Но, вашето заминивање многу ќе му помогне на ВМРО-ДПМНЕ полесно да ги надмине штетите.
    За доброто на Македонија, господине Николоски заминете си колку-толку достоинствено од политиката.
Вмро

најчитани вести

Забава

Секогаш е убаво да се види згодна девојка која си го шета миленичето, а притоа да води сметка за општествената одговорност – плусот е...

Балкан

Во една прилика, Матија Бешковиќ рече дека Јосип Броз Тито останал „голем човек без дела“ како познати оперски пејачи пред уредите за снимање звук....

Балкан

Кога Јосип Броз Тито починал, дел од членовите на претседателството на СФРЈ, меѓу кои Стеван Дроњски и Стане Доланц, сакале да го балсамираат и...

Забава

Старлета Ана Кораќ која учествуваше во неколку реалити шоуа повторно привлече внимание со сликите во долна облека, која сокри само мал дел од нејзините...