Како што пишуваат медиумите во Англија, Енис Барди би можел уште во зимскиот преоден рок да го напушти Леванте и да направи трансфер во Премиерлигата, во Њукасл. Веќе наголемо се пишува дека интересот за македонскиот репрезентативец од страна на тимот од “Сент Џејмс Парк“ е евидентен и дека нема да биде изненадување ако во јануари, еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во Ла Лига би заминал на Островот.
Сепак се наведува дека може проблем да биде барањето, односно високата отштета која Леванте ја бара за Македонецот. Таа изнесува околу 25 милиони евра, што за Њукасл била превисока, но јасно е дека ако сака тимот од Премиерлигата да го купи Енис Барди, ќе мора ги искешира тие пари. Во спротивно Леванте ќе чека до јуни, кога веројатно цената на Барди би била уште повисока.
Инаку според Трансфермаркт, Барди е највредниот македонски фудбалер, со 20 милиони евра.