10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

285 санкционирани возач во Скопје, 33 без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 285 мерки, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол, 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 за користење на мобилен телефон и 3 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 85 мерки за непрописно паркирање и 18 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на  заштитна маска изречени се 22 санкции.  

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести