14.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Работнички наместо во „Градски парк“ ќе биде домаќин во „Кале“

Во следните два дена ќе се одиграат заостанатите мечеви од Првата лига, чиј тек е на „мускули“. Поради Ковид-19, бројот на одложени мечеви е поголем од одиграните, секое коло е скромно.

На терен, во домашниот шампионат по пауза од месец и пол се враќа и Работнички. И оваа не е толку голема вест колку падотокот дека наместо во „Градски парк“, најтрофејниот ќе биде домаќин на Еуроникел во „Кале“, засега причините не се познати. Условите во „Градски парк“ одамна не се нивото за еден прволигаш, па се чини ова е одговорот.

Последен пат Работнички играше на 7. ноември против Кожув на гости. Поради репрезентативната пауза, а потоа и проблем со коронавирус во редовите на противниците, Димитар Мираковски имаа долга пауза.

Во среда силите ќе ги одмерат Академија ФМП и Пелистер, а додека утре ќе се сретнат Вардар – Црн Дрим, во дуел од првото коло.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести