12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ОВА Е ТАЈНИОТ НАЦИСТИЧКИ БУНКЕР ВО АРГЕНТИНА – Хитлер планирал таму да се скрие (фото/видео)

Сомнителен бункер е откриен во Аргентина, за кој се смета дека наводно бил наменет за лидерите на Третиот рајх, изјави поранешниот американски специјалец Тим Кенеди и ветеранот на Централната разузнавачка агенција, Боб Бер.

Според нив, засолништето се наоѓа во оддалечен регион во Аргентина, 600 милји северно од Буенос Аирес. Бројни легенди кружат меѓу локалното население за присуството на три мистериозни градби, далеку од населбите и патиштата.

Археолозите пронашле кутија од 1940 година со златници, а истражувањата покажаа дека се работи за монети направени во Германија за време на Втората светска војна.

Научниците откриле и фотографии од Хитлер и италијанскиот диктатор Бенито Мусолини. Пронајдена е и фотографија на дете во нацистичка униформа со свастика на раката.

Според документите од кои Федералното биро за истраги претходно ги декласифицирало, Хитлер планирал да се скрие во аргентинскиот бункер во случај на пораз, но не успеал да ја напушти Германија – советската армија влегла во Берлин, а тој извршил самоубиство во неговиот подземен бункер.

ФБИ ја проучувал и теоријата дека наместо водачот на Третиот рајх, неговиот двојник останал во бункерот, додека Хитлер избегал низ тунелите до аеродромот Темпелхоф, каде што го чекал хеликоптер. Диктаторот потоа бил пренесен во Шпанија, а потоа на Канарските острови, од каде патувал со подморница до Аргентина. Сепак, таа теорија беше одбиена во 2018 година по анализата на забот пронајден во бункерот во Берлин, што потврди дека диктаторот сигурно починал таму.

Сепак, аргентинскиот историчар Абел Басти, во својата книга „Хитлер во егзил“, тврди дека Хитлер починал на 3 февруари 1971 година во Парагвај.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести