7 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Македонија ближи до вкупна бројка од 80.000 заразени од почетокот на пандемијата, ЕВЕ ГИ ДЕТАЛИТЕ ПО ГРАДОВИ

Македонија ближи до вкупна бројка од 80.000 заразени од почетокот на пандемијата. Вчера беа регистрирани 357 нови случаи и 689 оздравени лица, додека 18 ја загубија битката со вирусот.

Вкупниот број дијагностицирани достигна 78.305, оздравени се  54.034, починати 2.292. Бројот на активни случаи е 21.979, од кои 11.822 се во главниот град.

Земјите низ светот почнуваат вакцинација и дистрибуција на регистрираните вакцини, а неколку во Европа забранија летови и возови од и до Велика Британија откако се појави нов вид коронавирус – варијанта или мутација на КОВИД-19 на југоистокот од Англија.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека откриени се случаи и во Данска, Холандија и Австралија. СЗО е во контакт со официјален Лондон и ќе ја извести јавноста откако ќе бидат направени итни истражувања на карактеристиките и импликациите на новиот вирус.

– Новиот вид на коронавирус, идентификуван во Велика Британија е до 70 проценти позаразен, но не се смета за посмртоносен, па затоа вакцината треба да биде ефикасна, соопшти британскиот премиер Борис Џонсон.

Според британскиот министер за здравство Мет Хенкок, новиот вид коронавирус е „надвор од контрола“, а главниот британски епидемиолог Крис Вити изјави дека може да се прошири побрзо меѓу населението, но засега нема показатели дека предизвикува поголема смртност или влијае на вакцините и начините на лекување.

Бројот на заразени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата во светот достигна 77 милиони. Оздравеле 54 милиони, активни во моментов се 21,3 милиони, а битката со кононавирусот ја загубиле 1,7 милиони луѓе.

Во нашите болници се лекуваат 1217 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19, според статистиката на Министерството за здравство од вчера.

Од нив 479 се во болниците во Скопје (194 во ковид-центрите на интерните клиники, 141 на Инфективната клиника, 104 во ГОБ „8 Септември“ и 40 на Иститутот за белодробни заболувања кај деца – Козле) и 738 пациенти во ковид-центрите и инфективните оддели во другите градови во државата.

Министерството за здравство соопшти дека има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите, со напомена дека состојбата е променлива затоа што во текот на денот има нови приеми, но се прават и исписи на оздравени пациенти и се ослободуваат дополнителни легла.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 33779,  активни 11822

• Куманово 4463, активни 600

• Дебар 590, активни 175

• Штип 3188, активни 383

• Прилеп 3931, активни 854

• Тетово 4602, активни 997

• Струга 1905, активни 410

• Велес 2599, активни 616

• Битола 2866, активни 805

• Охрид 2215, активни 632

• Кавадарци 1880, активни 629

• Гостивар 3229, активни 698

• Гевгелија 1053 активни 328 (71 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 178 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2160, активни 636

• Крива Паланка 567, активни 135

• Радовиш 577, активни 139

• Крушево 155, активни 70

• Кочани 1519, активни 274

• Пробиштип 428, активни 65

• Демир Хисар 227, активни 44

• Македонски Брод 209, активни 33

• Пехчево 128, активни 21

• Берово 468, активни 96

• Валандово 275, активни 59

• Виница 427, активни 103

• Делчево 642, активни 290 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 181, активни 24

• Свети Николе 1010, активни 157

• Кичево 1509, активни 335

• Ресен 600, активни 173

• Неготино 923, активни 376 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Заклучно со вчера, 3.882.290 евра се донирани од поединци, компании и институции во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот. Тоа го соопшти премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на човечката солидарност,  нагласувајќи дека завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава.

– Се соочивме со планетарна криза која верувам го извади најдоброто од човештвото – солидарноста. Изминатава година секој од нас помага на свој начин на оние кои се најранливи и на кои им е потребна помош. Успеавме да се сплотиме и да функционираме како едно и така треба да продолжиме и во иднина. Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните, апелираше Заев во објавата на неговиот фејсбук-профил заедно со линк до листата со донатори за поддршка за справување со коронавирусот.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести