Додека најголемиот број светски клубови, посебно оние фудбалските, мака мачат како да исплатат плати, доаѓа сензационална вест од Германија. Имено Баерн Минхен во време на светска корона криза, објави дека во годината што изминува работел со добивка. Навистина неверојатно. Добивката е 10 милиони евра, сума која не е нешто посебно за таков клуб како што е баварскиот, но сепак најважно е дека нема загуба.
“Фактот дека годината ја завршуваме со добивка е супер вест“ објави претседателот на Баерн, Карл – Хајнц Румениге.
Инаку лани чистата добивка беше околу 53 милиони евра.
Баерн Минхен, по Реал Мадрид е вториот клуб во светот кој објави дека 2020 година ќе ја заврши во плус, па макар и минимален.
Во овој артикл:
