11 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

КАРТЕЛИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ: БРУТАЛНО УБИЕН ПОРАНЕШНИОТ ГУВЕРНЕР САНДОВАЛ (видео)

Поранешниот гувернер на мексиканската држава Халиско, Артистотел Сандовал, беше ликвидиран во тоалетот на ресторан на плажата на одморалиштето Порто Ваљарте.

Официјални лица изјавија дека Сандовал бил застрелан од грб од неидентификуван напаѓач додека неговото обезбедување било надвор.

Пукањето продолжило додека телохранителите се обиделе да го пренесат Сандовал во болница.

Сандовал беше гувернер од 2013 до 2018 година, но тој беше во сенка на картелот Халиско, кој стана еден од најмоќните во земјата, сееше смрт и одмазда.

Денес, овој картел се натпреварува за превласт со картелот Синалоа, чиј шеф беше озлогласениот Ел Чапо.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести