10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Илија Димовски со совети до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Илија Димовски на фејсбук се обрати до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ:


Неколку совети до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и сите опозициони пратеници:

1️⃣ Наместо интерпелација на еден министер, добро е да има интерпелација на целата Влада…
– за првата не се знае кога ќе дојде на дневен ред, за втората мора во рок од три дена;
– со развлекувањето на Талат, за интерпелација на министер опозицијата ќе треба да чека најмалку 45 дена (за Роберт Алаѓозовски сеуште не дојде на ред, а од тогаш се сменија уште тројца министри);
– ќе се види дали сите 62 пратеници (и од малите партии) од коалицијата на СДСМ ги поддржуваат погубните антидржавни и антинационални политики;
– расправата ќе привлече големо внимание кај јавноста, она што недостасува на овој парламентарен состав;
– штом не прифаќаат лидерска средба, интерпелацијата ќе е лидерска на јавна сцена на очиглед на целата јавност (уште подобро);
– ќе може да се расправа (наместо само за ЕУ) и за националните катастрофи, здравството, немањето образование, катастрофата во земјоделието, исчезнување на езерата, економската катастрофа, стотици тендери и афери, марихуанската војна низ државата,…
– ако не успее ќе може да се повтори за 100 дена (пола од времето што секако ќе се чека за првата интерпелација на Димитров);

2️⃣ Законот за државјанство превентивно да се блокира со значаен број на амандмани, додека има време, што за овој закон е возможно бидејќи не е со европско знаме…

3️⃣ За Законот за попис недостасува и потребна е посилна борба и презентирање на аргументите кои се целосно на страна на опозицијата…
– Законот не е по европски стандарди;
– опозицијата мора да има став што ако се донесе овој закон без компромис на сите релевантни политички субјекти;

4️⃣ Обидот за тргање на историјата од наставната програма во основното образование може да се спречи со поднесување на Закон за измени и дополни на законот за основно образование…
– да се одземе надлежноста на министерот и Министерството да има каква и да е улога во утврдување на наставните програм и тоа да се даде на државна независна стручна институција;
– да се фиксираат одредени предмети (историја, математика, македонски, физичко,…) како фиксни и задолжителни;
– да се даде овој закон на поддршка и на малите партии (ДС, ДОМ, ЛДП, НП, ДПТ,…) кои се во коалиција со СДСМ и да се бара јавно став;

5️⃣ Опозицијата да креира решенија за илјадниците проблеми што ги имаат граѓаните и да ги иницира во Собрание…
– рудниците во Струмичко;
– откупот на земјоделските производи;
– неправдите во судството;
– зголемениот број на нови невработени;
– предлози за намалување на даноци и давачки;

6️⃣ Да се предложи јасна, кратка и цврста државна резолуција со ставови и заклучоци за нашето чекорење кон ЕУ со целосна заштита на националните позиции за Македонија, македонскиот народ и јазик.

П.С. На толку мало мнозинство динамиката на работа во Собрание мора да зависи од опозицијата, а не од Претседателот на Собранието.
П.П.С. Не е страшно и дел од овие предлози да не успеат, но добро е да се користат сите институционални можности.
П.П.П.С. Секој ден на власт на оваа старо-нова Влада на СДСМ е на штета на државата и сите граѓани.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести