11 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

Еве од каде потекнува “МЕДЕНИОТ МЕСЕЦ”

Терминот „меден месец“ се поврзува со тукушто венчани парови, и тоа не е случајно. Потеклото на терминот датира од Месопотамија, поточно Вавилон, каде постоел обичај еден месец по венчавката, таткото на невестата да го снабдува на зетот онолку медовина колку што може да испие.

Бидејќи Вавилонците го користеле лунарниот календар, овој месец бил наречен „месец на медот“.

Оттука произлегува сегашното име „меден месец“.

Античките Грци го правеле овој пијалок многу пред да го откријат изразот „вино“ и медовината првично се сметала за пијалок на боговите, кој е потребен и во богатство и во сиромаштија.

Всушност, медовината е еден вид на вино направено од мед што се подготвува на многу специфичен начин од мед, вода и квасец.

Во Источна Европа, на овој пијалок му се припишувале и лековити својства – воините ги миеле раните со него и сите го пиеле за да живеат што е можно подолго.

Овој пијалок е наречен и „еликсир на животот“ поради неговиот состав и многу позитивниот ефект врз организмот. Овој многу вреден пијалок го стимулира го апетитот, го зајакнува организмот и го забавува стареењето.

Афродизијачки својства исто така се припишувале на медовината, па младенците биле охрабрени да пијат во што поголеми количини, со цел да добијат наследници што е можно побрзо.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести