10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Еве како ќе се вакцинира Европа – Ова се плановите на државите

Како да се вакцинираат седум милијарди луѓе против коронавирус? Тоа е предизвикот со кој се соочуваат сите земјии светските лидери во моментов.

Велика Британија во моментов е единствената земја во Европа што започна да користи меѓународно призната вакцина, но другите земји работат на стратегија и одлучуваат кој ќе биде во првите редови на оние кај кои ќе ги завршат првите дози на вакцината, пишува Еуроњуз.

Британците прво ќе вакцинираат луѓе над 80 години и персоналот во домовите за стари и нега.

Обединетото Кралство е прва земја во светот што примени вакцина против Ковид-19, а 90-годишната Маргарет Кинан влезе во историјата затоа што беше прва во низата.

Ббата, по потекло од Северна Ирска, доби аплаузи од болничкиот персонал откако ја прими вакцината Пфајзер на 8 декември.

Според британската стратегија, првите 800.000 вакцини се наменети за лица постари од 80 години, кои или се во болница или имаат веќе закажан преглед.

Исто така, персоналот од домовите за стари лица ќе биде меѓу првите што ќе бидат вакцинирани.

Русите на прво место ги стваат работниците на високоризични позиции

Москва започна да ја користи вакцината три дена пред Маргарет Кинан да се вакцинира иако руската вакцина „Спутник V“ сè уште не е меѓународно призната.

Кога оваа вакцина беше регистрирана, уште во август, имаше многу критики за тестирањето и учество на мал број волонтери во испитувањето.

Како резултат на тоа, „Спутник V“ е сè уште во фаза на развој и се дава само на лица помлади од 60 години кои немаат хронични заболувања.

Приоритет имаат и оние кои работат на ризични позиции, како што се здравството, образованието и социјална работа.

Германците чекаат на вакцината

Германија се надева дека ќе започне да ги вакцинира своите граѓани пред крајот на 2020 година, што значи дека вакцината треба да се регистрира околу Божиќ, односно на 25 декември.

Според последните информации, оваа земја ќе започне со вакцинирање на своето население на 27 декември.

Министерот за здравство тоа го птоврди во вторникот на конференцијата која означи уште поголемо нетрпение во однос на времето што им треба на европските здравствени власти да издадат одобрување. Слични протести се слушнаа и од Полска и Унгарија.

Францускиот план во пет фази

Франција планира да го започне процесот во јануари, кога ќе се дадат првите дози на луѓе од домови за стари лица и работници на позиции со висок ризик.

Втората фаза следи во февруари, кога ќе бидат вакцинирани сите луѓе постари од 65 години и сите здравствени работници над 50 години кои се сметаат за загрозени.

Третата фаза ќе се случи до пролет, кога ќе бидат вакцинирани помлади од 65 години, како и останатите здравствени работници.

Четвртата фаза им дава приоритет на сите оние кои се изложени на вирусот поради работа, односно оние кои се движат во јавност. Во оваа фаза, и затворениците и бездомниците ќе бидат вакцинирани.

Последната, петта фаза, се однесува на сите жители на возраст над 18 години, а ќе се трае од април до јуни следната година.

Во Португалија приоритет се 400.000 луѓе

Португалија ја разгледува и рутата што ќе ја има Франција, а оваа земја има приоритет на 400.000 луѓе кои се најзагрозени и кои ќе ја примат вакцината во јануари. Еден милион луѓе треба да бидат вакцинирани до април.

Премиерот Антонио Коста вели дека планот следи четири основни принципи. Дека вакцината е универзална, дека е опционална, бесплатна и достапна за секого.

Шпанија, исто така, ќе ги стави најзагрозените на прво место, а процесот на вакцинација ќе се изврши во четири фази.

Прво ќе го добијат луѓето од домовите за стари лица, потоа здравствените работници.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести