19.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

КОРОНАТА ГО УБИ ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ МАСОВНИ УБИЈЦИ ВО ЕВРОПА

Донато Билансија, италијански сериски убиец, почина во четвртокот од ефектите на вирусот корона во затворот во Падова.

Билансија беше осуден за убиство на 17 лица – девет жени и осум мажи помеѓу 1997 и 1998 година во Лигурија и Пиемонт.

„Монструмот од возовите“ или „Убиец на проститутки“ како што и беше познат на јавноста, беше уапсен во 1998 година.

На Билансија првично му се судеше за убиство на девет лица, а подоцна серискиот убиец призна дека е виновен за убиството на уште осум лица. Тој беше осуден на доживотен затвор и беше прогласен за „најстрашниот сериски убиец во историјата на Италија“.

Последните години ги помина во затворот Дуе Палазиди во Падова, каде почина од последиците од вирусот корона на 69-годишна возраст.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести