5 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

НЕВЕРОЈАТНО: 9 годишно ДЕТЕ ЗАРАБОТИ 30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Деветгодишно дете заработи 30 милиони долари за само една година од отварање и прегледување на играчки и игри на Youtube, а трета година по ред ја носи титулата најплатен јутубер.

Рајан Каџи од Тексас заработи 29,5 милиони долари, како и дополнителни 200 милиони долари од играчки и облека со брендот Ryan’s World, вклучително и пижами Marks & Spencer.

Тој исто така потпиша необјавен, но веројатно мултимилионски договор за своја ТВ-серија на детската телевизија.

Каџи, кој е опишан како „детски инфлуенсер “, првпат започна да снима во март 2015 година, откако претходно добил инспирација оддруги канали за рецензија на играчки.

Неговото семејство – кое му го смени вистинското презиме Гуан во Каџи – сега поседува девет канали на Youtube. Ryan’s World е најпопуларен со 41,7 милиони претплатници и 12,2 милијарди прегледи. Најпопуларното видео на Каџи има повеќе од 2 милијарди прегледи, што го прави едно од 60-те најгледани видеа на YouTube.

Сепак, Каџи и неговото семејство сега се соочуваат со закана за истрага од страна на Федералната комисија за трговија на САД поради обвинувањата дека спонзорите на видеото не биле објавени како што треба.

„Скоро 9 проценти од видеата вклучуваат барем една препорака за производ што ја плаќаат деца од предучилишна возраст, група премногу млада за да разликува рекламирање од преглед“, се вели во жалбата на телото за надзор на потрошувачите.

„Овие реклами често покажуваат нездрава храна“, објаснуваат тие.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести