4 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ЕКСКЛУЗИВНО: НОВА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА – ЗАПЛЕНЕТИ 150 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА

Медиа.мк дознава за уште една реализирана акција на одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со секретаријатите на прилепската и крушевската полиција во која се запленети 150 килограми марихуана во крушевско.

Марихуаната е пронајдена во викенд населбата викана “Трстеник” во близина на Крушево.

Според информациите кои пристигнаа до нас запленетата марихуана се наоѓала во викенд куќа на роднина на високиот функционер во МВР од редовите на ДУИ, Н.Б.

Се очекува МВР да излезе со детали за акцијата.

Во текот на вчерашниот ден кај Ново Село беше пресечен меѓународен канал на трговоја со дрога во кој беа запленети 102 кг марихуана за што нашиот портал медиа.мк исто така прв објави.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести