6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ВО ПОНЕДЕЛНИК РЕДОК ФЕНОМЕН: СЕ СПОЈУВААТ ЈУПИТЕР И САТУРН

Двете најголеми планети во Сончевиот систем, погледнати од Земјата, ќе се приближат толку блиску на 21 декември што ќе изгледаат како „двојна планета“, спој што ќе изгледа како едно светло место на Земјата, за кое астрономите велат дека ќе изгледа спектакуларно.

Последниот ваков спој е забележан во 1226 година, на 4 март. За споредба, ова беше време кога монголскиот император Џингис Кан освојуваше големи делови на Азија, а Европа сè уште беше со генерации далеку од ренесансата.

Вакво приближување на Јупитер и Сатурн, може да се забележи, е доста ретка појава. Следна ваква конјукција, предвидуваат астрономите, ќе биде до 2080 година. Конјукцијата на sвезди е исто така можно објаснување за „Божиќ“ или „Витлеемска ѕвезда“.

Имено, според Евангелието по Матеј, ѕвездата ги донела Светите тројца кралеви во Витлеем, каде што се родил Исус. Некои научници веруваат дека овој феномен можел да биде редок троен спој на Јупитер, Сатурн и Венера, пренесува порталот РТЛ.

Експертите велат дека овој редок настан ќе може да се следи на ведро небо околу еден час по зајдисонцето на 21 декември, зимската краткоденица. Таква блиска појава на небото нема да се повтори до 15 март 2080 година.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести