23.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Клоп и Флик завршиле со исто поени, а Клоп победил поради една причина

Јирген Клоп е прогласен за тренер на годината во изборот на ФИФА на што и самиот беше изненаден со  оглед дека мислеше дека Ханси Флик ќе ја понесе наградата затоа што имаше неверојатна сезона на клупата на Баерн, освои се што можеше да се освои: Бундес, Купот, Суперкупот и Лигата на шампионите.

А двајцата влегоа во потесниот круг за наградата, а на крајот биле изедначени (по 24 поени според правилникот на бодување). Сепак, Клоп победил и тоа поради една причина. Флик освоил повеќе гласови во изборот на новинарите и навивачите, а беше втор во изборот на капитените и селекторите. Клоп ги освои гласовите на капитените и селекторите, а според гласачкиот правилник при изедначени поени, победник е оној што ќе добие повеќе гласови од капитените и селекторите на сите репрезентации членки на ФИФА.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести