Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Милан дава 13 милиони за „кртот“ во Барселона

Лидерот во италијанскиот шампионат Милан сака да го засили своот играчки кадар со уште млади фудбалери. Според информации од Милано „росонерите“ го „пикирале“ младиот играч на Барселона Рики Пуиг. Тие спремиле 13 милиони евра за позајмица на овој фудбалер, инаку младински шпански репрезентативец, со обврзувачки откуп на договорот. Да потсетиме само дека тренерот на Барса Роналд Куман го обвини Пуиг за „крт“ во екипата затоа што ширел информации поврзани од екипата.

Барса се наоѓа во проблеми, како финансиски, така и играчки, а тоа се одразува и на резултатите кои не се на нивото на кои сме навикнале да ја гледаме. Се повеќе играчи се незадоволни, некои сакаат да ја сменат средината.

Пуиг има 21 година и потекнува од младинскиот погон на Барса. После настапите во младинските категории, две сезони играше за Б тимот, а од 2018 почна да настапува за првата екипа. До сега има вкупно 14 меча за А тимот. Сезонава има само еден првенствен настап, а уште три во Лигата на шампионите.

Се работи за играч од средниот ред кој има 21 година. Роден е во Барселона, а првите фудбалски чекори ги направил во локален клуб Тераса каде што порано играл татко му. Од таму во 2013 година се префрлил во академијата на Барса „Ла Масија“.

Во 2018 година со Барселона триумфираше во младинската Лига на шампиони.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Соопштение на Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ Предмет: Одговор на прашањето на Александар Николовски упатено на гостувањето на Канал 5 Лидерот на...

Македонија

Денес на Твитер се појави документ кој укажува дека Петар Ристески пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е стар член на СДСМ. Засега тој ниту...

Свет

Американката Џенифер Олајире-Аро (27), наставничка по математика во средно училиште во Јужна Каролина, е уапсена за закани, психофизичко малтретирање и принудување на ученик (17)...

Забава

Сосема е непотребно да се објасни зошто пост-апокалиптичните филмови, особено оние што зборуваат за големи инфекции, пандемии и болести, доживеале пораст на популарноста на...