Иван Чупиќ го напушта Вардар по завршување на сезоната. Хрватскиот репрезентативец и минатата година беше на мета на многу клубови, но одлучи да остане во Скопје, каде што вели самиот најдобро се чувствува, животот и љубовта кон овој спорт и клуб му годат.
Сепак најновите информации кои доаѓаат велат дека по завршување на сезоната ќе се спакува и ќе си замине од Вардар. Најблизу до неговите услуги е ППД Загреб, тврдат „vecernji.hr“ и „g-sport“.
Чупиќ во таборот на македонскиот тим дојде во 2016 година од Келце, со „црвено-црните“ освои две титули, тој е еден од главните мотори на Вардар.