Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

За првпат фудбалер играше со маска на лицето

Синоќа во Лигата на шампионите на КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка) се случи уникатно во фудбалот што може да стане и тренд во некои првенства во светот. На ревашот од четвртфиналето на ЛШ помеѓу Олимпија Тегучигалпа од Хондурас и Монтреал Импакт од Канада фудбалер на домашната екипа настапи со медицинска маска на лицето. И искрено прво што би го запрашале е дали можеше да дише преку неа?

Се работи за капитенот и напаѓач на Олимпија Џери Бенгтсон кој не само капитенската лента туку носеше и маска. 33-годишниот фудбалер одигра 76 минути со неа со што стана првиот профи-фудбалер кој одиграл меч со маска.

Фудбалерот одлучил да носи маска за да не го пренесе вирусот на својата фамилија при евентуален контакт со носител на болеста на теренот.

„Ова е чудно затоа што тој е првиот фудбалер кој игра со маска на лицето. Во првенството постојано носи маска, сега и на меѓународните натпревари. Него не му смета, тој игра како што знае и постигнува голови. Мене тоа ме радува, а тој нека продолжи да си ја носи маската“, изјави аргентинскиот тренер на екипата Педро Трољо.

И покрај поразот со 0:1 Олимпија се пласира во полуфиналето (поради победата во гости со 2:1), а таму за противник ќе ја има мексиканската екипа Тигрес.

sportmedia.mk

најчитани вести

Свет

Во последното интервју за Си-Ен-Ен, коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс изнесе лоша вест за сите кои многу се надеваат на вакцината и даде свое...

Македонија

Денес на Твитер се појави документ кој укажува дека Петар Ристески пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е стар член на СДСМ. Засега тој ниту...

Македонија

Скопскиот локал МОШ повторно во центарот на вниманието, според информациите кои пристигнуваат во локалот имало забава која продолжила после 21 часот, а инспекторите на...

Свет

Американката Џенифер Олајире-Аро (27), наставничка по математика во средно училиште во Јужна Каролина, е уапсена за закани, психофизичко малтретирање и принудување на ученик (17)...