11 C
Skopje
понеделник, април 19, 2021
spot_img

ХОРОР: Маж си ги уби сопругата и сестра и “за да ги заштити од вирусот”

„Ги убив за да ги спасам од коронавирусот“, вака се изјаснил 36-годишниот Адам Рот од Ваукеша, САД, кој ги избоде до смрт неговата сопругата и нејзината сестра, а рани уште двајца   членови на семејството, кои се убидуваа да ги спасат жртвите.
Рот ќе го помине остатокот од својот живот затворен во затвор за ментално болни. Ваквата казна судот му ја изрече за убиството на Доминик (34) и нејзината сестра Диедре (26).

Како за иронија на судбината, странските медиуми пишуваат дека тој самиот бил инфициран од Ковид-19 и поминал еден месец во кислородна терапија.

Како се случи страшниот настан?

36-годишникот, кој отсега ќе живее во психијатрија, ручал со своето семејство. Во еден момент, за време на разговорот тој рече дека е подобро да умре отколку да се заразиш со Ковид-19, на што се спротивставија неговата сопруга и нејзината сестра.
Тука започнало сè! Тој земал нож и ги удрил двете без престан.

Читај Следно

10,349FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести