Во Франција и натаму се зборува за отказот на Томас Тухел. Никој не е задоволен и покрај вечерашната победа, се чини не може да се заборави поразот од Лил претходниот викенд, па за негова можна замена се спомеуваат две имиња.
Станува збор за Мурицио Покетино и Макс Алегри. Леонардо не се откажува од идејата да донесе нов тренер, во клубот се плашат дека проблемите во ПСЖ ќе се одразат во играта, тука се мисли на лошата релација меѓу Тухел-Мбапе.
Ништо не е договорено, но јасно е дека на Германецот му истекува време. Доколку добие отказ, челниците на францускиот првак ќе мора да му исплатат 2,5 милиони евра, има договор до крајот на сезоната.
Според Леонардо Тухел лошо менаџирал во преодниот рок, нетрпеливоста меѓу директорот и тренерот веќе трае година дена.
Бо овој момент ПСЖ е зад Лил, зад него се Лион и Марсеј кои имаат два меча помалку. Овој тим се навикна лесно да ги добива мечевите во домашниот шампионат, но тоа засега не оди така. Ги чека дерби со Лил, доколку не го добијат овој натпревар, Тухел лесно може да замине во историјата. До паузата има уште две недели, па ќе видиме дали германскиот стратег ќе го дочека крајот.
Останува отворено прашање кој има поголема предност за тренерското место, Покетино или Алегри. Засега првиот е близу до ПСЖ според француските медиуми, го знае јазикот, а има и играчко минато во клубот, па токми затоа е прв пик на „светците“.
