8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

НЕВЕРОЈАТНО: Пред 76 години за малку ќе застрелал три деца – СЕГА УСПЕАА ДА ГИ ПРОНАЈДЕ (видео)

Американскиот воен ветеран, кој сега има 96 години, преку Интернет се сретна со три деца, кои за малку ќе ги застрелал во 1944 година за време на ослободувањето на италијанското планинско село од нацистите.

Во октомври 1944 година, Мартин Адлер бил меѓу американските трупи што го ослободиле Монтеренсио, село на Апенините, недалеку од Болоња, пренесува Гардијан.

Тој влегол во колиба заедно со војникот Џон Бросни, мислејќи дека местото е празно. Кога ги слушнале звуците што доаѓаат од голема плетена корпа, помислиле дека германски војници може да се кријат внатре и се подготвени да пукаат. Во тој момент, испаничена жена влетала во колибата извикувајќи: „Не пукај … деца, деца!“. Три деца на возраст од три до шест години скокнале од кошот.

Адлер потоа бил фотографиран со трите деца.

Дури 76 години подоцна, Адлер, кој живее на Флорида, ја замолил својата ќерка Рејчел да се обиде да ги најде овие деца. На 12 декември на социјалните мрежи ја објави фотографијата од Втората светска војна, а ја видел и Матео Инкерти, авторот и новинарот кој напишал книга за војната.

Тој ја споделил фотографијата и успеал да стигне до овие луѓе

Закажал видео повик со Адлер и трите лица кои денес се на возраст од 79 до 83 години.

Во емотивно обраќање, Адлер рече дека би сакал да живее 100 години и да појде во Италија да ги запознае Бруно, Мафалда и Џулијана кога ќе заврши пандемијата.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести