Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

БИЗАРНО: “Киднапирале” мисирка, а потоа ја опијаниле..

Летонската полиција уапси три лица кои се обвинети за кражба на мисирка од приватна зоолошка градина, која потоа ја опијаниле со вотка.

Кражбата, која најверојатно била планирана, се случила рано во петокот наутро во Рига, на роденденот на еден од тројцата осомничени.

Видеото од надзорните камери ги прикажува тројцата во црно како влегуваат во мини зоолошка градина и потоа бегаат со мисирката во торба.

Крадците на возраст од 30 до 40 години потоа ја однеле мисирката до блиската железничка станица и со возот тргнале кон Јурмал. Меѓутоа, кога стигнале до станицата наречена Булдури, се симнале и заминале на плажа каде што пиеле вотка и ја принудиле птицата да пие алкохол.

Прославата завршила кога полицијата ги открила крадците и птицата. Мисирката била вратена во зоолошката градина и по неколку часа била прикажана на телевизија, жива, здрава, но видливо вознемирена.

Крадците ќе треба да одговараат за кривичното дело разбојништво и упад на организирана група, а на полицијата и биле познати по хулиганство и други прекршувања.

најчитани вести

Македонија

Нов тежок дебакл доживеаја политиките на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Неговата желба да профитира од стравот на граѓаните од корона вирусот и намерата...

Балкан

Златото изнесено од Југославија на почетокот на Втората светска војна сè уште постои и, очигледно, се наоѓа во Банката на федерални резерви на САД (FED) во Њујорк!...

Свет

Слики од училиште во Ајутаја, Тајланд, се појавија на социјалните мрежи. Во преден план, наставничка по име Бела е во преден план, давајќи им...

Свет

Пред малку пасторот Марк Брнс, еден од најблиските соработници на Претседателот Трамп сподели информација која одекна како бомба во светот дека Претседателот ќе го...