6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ ЗА СМРТТА НА ЏЕЈ

Долгогодишната соработничка и пријателка на покојниот Џеј Рамадановски, Андријана Томаниќ која со него живеела, па така и заедно ги поминале последните денови и часови од неговиот живот, открива дека пејачот буквалмо умирал откако почнала корона пандемијата.

– Џеј отсекогаш бепе жив. Сакаше кафулиња и излегувања, оваа корона го удави. Пола Дорќол и многу негови блиски пријатели беа заразени со корона. Ќерките Ана и Марија го опоменуваа да го чува здравјето затоа што имаше операција на срцето, па почна да внимава. Никаде не одеше, раскажала Андријана за српските медиуми. Открила и дека последните три-четири дена пред смртта се однесувал чудно, но ништо не укажувало на најлошото. 

– Кога ќе се сетам како ги помина последните денови од животот, се ми укажува на тоа како од се да се простуваше. Ја немаше онаа негова препознатлива енергија. Многу кашлаше, па го прашав случано да не закачил некаде корона, но ми рече: „Ма не! Може сум настинал.“ Дури не ни пиеше, можеби едно-две виски. Отиде во собата да одмори малку, додека жената што чисти го средуваше станот. Јас појдов до продавница. Кога се вратив го најдов како лежи, но беше како да тргнал да станува. Нозете му беа на подот, на работ од креветот, како да седи, а лежи“, раскажала Андријана и додала дека почнала да го повикува, но тој ништо. 

– Го повикував, но немаше одговор. Веднаш повикав Брза помош. Кога дојдоа го реанимираа, му даваа адреналин, но не успеаја. Срцето му застана. Што се однесува до имотот, се ќе наследат неговите деца и внуци затоа што е разведен. На свое име има стан и сметка во банка. На Нада и ја даде куќата, тој е господин човек, на се мислеше, раскажала Андријана.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести