Соопштение на Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ
Предмет: Одговор на прашањето на Александар Николовски упатено на гостувањето на Канал 5
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ треба да е храбар, мудар и чесен.
Бидејќи сеуште актуелниот претседател Христијан Мицкоски нема храброст лично да праша, па мораше преку други да се обрати до иницијативата, еве го одговорот на тоа што го интересира.
Иницијативниот одбор не беше формиран со намера да прерасне во партија и да креира политики. Сите ние сме ВМРО-ДПМНЕ и таа е идејата која што не води. Многумина членови на одборот се многу подолго во партијата од самиот Мицкоски и невкусно е тој или некој испратен од него јавно да манипулира.
Иницијативниот одбор беше формиран со една цел, одржување на вонреден конгрес на кој Мицкоски ќе даде отчет пред делегатите кои го избраа и истите ќе гласаат дали имаат доверба во него да ја води партијата. Затоа иницијативниот одбор не дискутира и не зазема заеднички ставови по други политички теми.
Втора работа зошто фокусот на иницијативниот одбор е Мицкоскоски , а не Заев е фактот што Мицкоски во овие три години се покажа дека е добар само како статист во изборните победи на СДСМ.
Иницијативниот одбор смета дека Мицкоски нема капацитет да ја обедини партијата.
Мицкоски нема капацитет ниту да ги подобри односите со меѓународната заедница или да ги крене коалициските капацитети на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски само губи, а граѓаните во него не препознаваат потенцијал кој би можел да ја води државата.
Затоа, доколку постои искреност во желбите ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира и да стане сериозна алтернатива на СДСМ, прво нешто кое што треба да се направи е оставка на Христијан Мицкоски и избор на нов претседател на партијата.
Се друго е само пролонгирање на агонијата и овозможување на Мицкоски подолго да остане во неговата фотеља, а СДСМ да ги добива сите наредни избори.
Изборот е или ВМРО-ДПМНЕ или Христијан Мицкоски.
