Милан и натаму го држи првото место во табелата во Серија А и покрај киксот против Парма (2-20) во неделата. Во составот го немаше Златан Ибрахимовиќ кој наскоро треба да се врати на терените и да ја продолжи битката за Скудетето.
Шведскиот напаѓач и на 39 години не ги крие амбициите.
„За да останам фит, многу тренирам. Мојата филозофија е да работиш вредно, се сè враќа. После 30-та година мора да работите многу повеќе за да се чувствувате добро. Враќањето во Милан беше мојот редизвик, бидејќи тимот не беше на врвот. И пред мене играчите се враќаа, но не успеаја да играат исто во двата мандати. Си реков 0 ќе бидам Златан Ибрахимовиќ и ќе ги променам работите“, изјави Ибра за „Газета дело Спорт“.
Тој верува во освојување на титулата.„Момците мора да бидат храбри, не смееме да се плашиме. Успеав да ја променам харизмата на соиграчите и мораме да веруваме во себе, дури ако сме постари. Никогаш не смееме да се откажеме“.