Предмалку до медиа.мк пристигна информација за полициска акција на патарина на излез од Скопје. Според очевидци на настанот полицијата спроведувала акција и се обидела да сопре возилото на патарината. Лицата со возилото пробале да бегаат по што се слушнале неколку истрели, а возилото удрило во бандера, по што полицајците успеале да ги приведат лицата од возилото.
Се очекуваат детали од МВР.