21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

По убедливиот пораз Михајловиќ ги казни фудбалерите

Рома со 5-1 ја победи Болоња во 11. коло во Серија А. Веќе по првото полувреме беше поставен конечниот резултат, ова беше и еден од најтешките порази за Синиша Михајловиќ во неговата кариера.

По мечот, српскиот стратег беше бесен.

„Во првото полувреме бевме катастрофални, изгледавме како аматери, не е во ред. Не смееме вака да губиме, не сакам да оставаме лош впечаток“, рече Михајловиќ.

Тој ги прати играчите во карантин, таму ќе минат десет дена.

„Мораме да ја разбистриме главата. Мојата врска со играчите е посилна од фудбалот, особено по мојата болест. Секогаш им давав посебно внимание. Како што правам со децата, секогаш барав изговори да ги оправдам, но за се постојат граници, а тие ги поминаа. Сега одиме на тренинг“, рече Михајловиќ.

Болоња во моментов е на 12. место на табелата во Серија А, следниот меч го игра против Специја.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести