Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

По убедливиот пораз Михајловиќ ги казни фудбалерите

Рома со 5-1 ја победи Болоња во 11. коло во Серија А. Веќе по првото полувреме беше поставен конечниот резултат, ова беше и еден од најтешките порази за Синиша Михајловиќ во неговата кариера.

По мечот, српскиот стратег беше бесен.

„Во првото полувреме бевме катастрофални, изгледавме како аматери, не е во ред. Не смееме вака да губиме, не сакам да оставаме лош впечаток“, рече Михајловиќ.

Тој ги прати играчите во карантин, таму ќе минат десет дена.

„Мораме да ја разбистриме главата. Мојата врска со играчите е посилна од фудбалот, особено по мојата болест. Секогаш им давав посебно внимание. Како што правам со децата, секогаш барав изговори да ги оправдам, но за се постојат граници, а тие ги поминаа. Сега одиме на тренинг“, рече Михајловиќ.

Болоња во моментов е на 12. место на табелата во Серија А, следниот меч го игра против Специја.

sportmedia.mk

најчитани вести

Забава

Означува крај на едно поглавје и отворање сосема нови поглавја. Бројчани низи во нумерологијата и спиритуалности се гледаат како ангелски броеви, односно низа од броеви...

Балкан

Александар Лека Ранковиќ беше првиот началник на ОЗНА и УДБА и кум на Јосип Броз Тито, но кога се случи аферата „Прислушување“ во 1966...

Балкан

Предвидувањата одат до 3797 година кога Баба Ванѓа рече дека животот на Земјата ќе исчезне. Баба Ванѓа, бугарски пророк, е позната по своите пророштва....

Свет

Добрите познавачи на пророштвото велат дека Нострадамус предвидел многу тежок период, кој опасно ни се приближува. Д-р Трифко Гужина, човекот што ги дешифрираше повеќето...