14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Пак ли нов пораз тато ? Мицкоски го посрамоти ВМРО-ДПМНЕ и ја подари победата на СДСМ

Нов тежок дебакл доживеаја политиките на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Неговата желба да профитира од стравот на граѓаните од корона вирусот и намерата да се факторизира преку бојкотот и евентуалното неисполнување на изборниот цензус, пропаднаа како и сите негови досегашни обиди. Едноставно Мицкоски погреши и во проценката и во стратегијата како да ги реализира намерите. Неискреноста на Мицкоски околу изборите во Штип ја чинеше неговата партија уште едно понижување во вмровскиот бастион во источна Македонија.

Мицкоски на почеток тврдеше дека во Штип се брани Македонија. Откако не успеа да најде кандидат и ги доби лошите анкети, тој реши да му препушти на Џими да ја брани Македонија. Мицкоски побара да нема избори и му посака среќа на Заев доколку одлучи да оди без ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски се правдаше со Ковид кризата, а од друга страна организираше протести за наводно продавање на идентитетот во преговорите со Бугарија. Протестите беа слабо посетени и ја покажаа неговата немоќ. Апсурдно, беа организирани и во помали градови, но беше заобиколен само Штип за да нема незгодни прашања од сопартијците како е можно изборите да се ризични, а протестите не. Тезата за ризик од ширење на пандемијата заради изборниот процес му ја поби и неговиот соработник, а сега шеф на ДИК Оливер Дерковски кој рече дека изборите во Штип ќе бидат максимално безбедни.

СДСМ ја зголемува поддршката заради слабиот Мицкоски

Со 11 668 гласа докторот Сашо Николов, како кандидат на владеачката СДСМ стана нов градоначалник на општина Штип. Далеку зад него со 1198 гласови , градоначалничката трка како втор ја заврши Симон Поликарп – Џими како кандидат на Интегра.
Математички прецизно, СДСМ има добиено 1591 глас повеќе отколку на парламентарните избори одржани во јули. Тоа е раст на партијата во Штип за цели 15% за само неколку месеци. Зоран Заев и СДСМ во Штип, во екот на корона кризата, без преголема кампања и без противник кој би бил дополнителна мотивација, успеаја да привлечат 1600 граѓани повеќе во однос на јули кога имаа 10 077 гласа.
Штип на парламентарните избори беше една од малкуте општини каде што ВМРО-ДПМНЕ успеа да го победи СДСМ. Разликата бешескромна, односно околу 100-тина гласови. Познавачите очекуваа ВМРО-ДПМНЕ да ја зацврсне довербата во Штип особено и заради здравствено-економската криза и бугарското вето. Сепак слабото лидерство, неодлучноста и погрешните одлуки на Мицкоски ја однесоа партијата во бојкот, кој веројатно скапо ќе го чини ВМРО-ДПМНЕ и на наредните избори. Бојкотот не успеа, како што не успеаја и другите политички препелкања на Мицкоски. Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес тогаш побара одговорност од Мицкоски за бојкотот, а после овој ноов пораз повторно почнаа прозивките.

„Математички прецизно“ Мицкоски остана без кредибилитет меѓу граѓаните и членството

Блиските соработници на Мицкоски целиот ден се обидуваа да ги саботираат изборите.
Пратеникот Иван Јорданов си го цитираше претседателот кој го стави на листа и математички прецизно , како и Мицкоски пресмета дека СДСМ немале цензус. Тој ги повика неговите сограѓани храбро да останеле дома бидејќи имало уште малку време до падот на Заев во Штип.

Стефан Андоновски кој е човекот на Мицкоски за меѓународна соработка , заклучи дека Штип протестирал со неизлегување на избори. И тој побара храброст од штипјани за падот да почнел од градот војвода.

Пратениците Костовски и Стојановски, во стилот на Мицкоски исто така предвреме прогласија успех на бојкотот и се израдуваа на неисполнетиот цензус.

За разлика од нив, лиерот на ТМОРО откри каква е ралноста и ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат и да помогнат во борбата против СДСМ.

Активистите на Левица, од друга страна се потсмеваа со неспособноста на Мицкоски


Мицкоски во отворено писмо до јавноста пиша дека неговиот син го прашал утрото „пак ли нова битка тато?“. Очигледно Мицкоски веќе се откажа и од битките, па може да ги брои само новите порази на неговата политика. „Пак ли нов пораз тато?“ е најактуелното прашање за Мицкоски.
Медиа веќе пишуваше околу катастрофалното менаџирање на Мицкоски со можноста која му се укажа на ВМРО-ДПМНЕ да добие градоначалник во Штип.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести