Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Хаос во Вардар 1961: Двајца играчи и натаму позитивни на Ковид-19, другите во очајна состојба

Дел од ракометарите на Вардар 1961 кои беа позитивни на Ковид-19, а ги имаше вкупно 12 ги направија ПЦР тестовите по завршување на задолжителниот карантин. Информациите кои доаѓаат од таборот на актуелниот европски првак дефинитивно се загрижувачки.

Двајцата ракометари и натаму имаат коронавирус, иако минаа 14 дена, додека останатите се во очајна здравствена состојба. Сето ова не е за изненадување, особено кога станува збор за Ковид-19, на „црвено-црните“ ќе им биде потребно време за да се вратат во посакуваниот ритам, но и да се комплетираат. Во понеделник ќе се тестираат оние кои подоцна развија симптоми на вирусот.

Здравствениот билтен ја отежнува работата на тренерот Стевче Алушовски, кои заедно со стручниот штаб мора да се подготват добро и тоа за краток период, бидејќи дуелот со Пик Сегед на гости (22 декември) засега не е откажан. Вардар 1961 сигурно ќе испрати ивештај до ЕХФ и ќе бара одложување, тешко е да се верува дека за седум до осум дена ќе успее да се собере и опорави од вирусот.

sportmedia.mk

најчитани вести

Забава

Означува крај на едно поглавје и отворање сосема нови поглавја. Бројчани низи во нумерологијата и спиритуалности се гледаат како ангелски броеви, односно низа од броеви...

Спорт

Актуелниот европски првак и натаму е во изолација поради позитивни случаи на Ковид-10 во своите редови. Дури 12 играчи се заразени со коронавирус, се...

Забава

Соништата сè уште не се доволно истражена област на свеста, но она што е познато е дека, во некои случаи, тие ги претставуваат нашите...

Свет

Добрите познавачи на пророштвото велат дека Нострадамус предвидел многу тежок период, кој опасно ни се приближува. Д-р Трифко Гужина, човекот што ги дешифрираше повеќето...