Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или 10 дена карантин доколку сакате да патувате во Србија

Негативен ПЦР тест не постар од 48 часа или 10 дена карантин доколку сакате да патувате во Србија. Поради сложената епидемиолошка состојба со коронавирусот, според членовите на Кризниот штаб, епидемиолозите Предраг Кон и Бранислав Тиодоровиќ, земјата ќе воведе ПЦР тестови на границите или карантин, а се размислува и за ограничување на движењето, јави дописникот на МИА од Белград.

Тиодоровиќ во својата изјава вели дека ситуацијата не е подобрена и дека доколку нешто не се промени, ќе мора да размислат за воведување поригорозни мерки. Посочи и дека секако ќе мора да се воведат мерки за српските државјани кои доаѓаат во земјата од странство, и тоа мерки како што се оние што се во сила во тие земји.

– Негативен ПЦР тест не постар од 48 часа, а оние кои го немаат, ќе мораат во карантин 10 дена. Најбезбедно е да се примени она што веќе се применува во Европа. Ќе има зелени листи, кои ќе вклучуваат некои земји како што е Финска, која е најдобра, Естонија, изјави Тиодоровиќ за РТС.

Забележувајќи дека „не ни треба лажен популизам“, Тиодоровиќ посочи дека ако вака продолжи, Кризниот штаб ќе мора да размисли за воведување на вонредна состојба и полициски час, за да ја постигне целта и подобро да влезе во престојните празници.

Паралелно и епидемиологот Предраг Кон изјави дека во понеделник Кризниот штаб сигурно ќе одлучи за продолжување на мерките што веќе постојат, но и за евентуално воведување нови, сè до тоа дека ќе се разгледа ограничувањето на движењето за Нова година.

-Со тоа што е разрешено дали ќе има нови мерки на границите – да, ќе има, сега е само техничко прашање како ќе бидат спроведени. Така што тоа е решено, кажа тој и додаде дека во Србија ќе може да се влезе само со ПЦР тест или самоизолација – домашен карантин.

Според него, големото прашање е дали е можно да се контролираат приватните новогодишни прослави и „затоа мора да се размислува за ограничување на движењето“. Кон вели дека одговорните бараат рамнотежа за мерките, но дека очигледно не нашле доволно начини како да ги убедат луѓето да размислуваат поинаку.

-Ова е време на херојство на медицинскиот сектор. Постои паралелен живот – во едениот е воена состојба, а има и такви кои бегаат од тоа, кои по секоја цена сакаат да живеат нормален живот. И тука треба да се најде рамнотежата, објасни Кон.

најчитани вести

Забава

Означува крај на едно поглавје и отворање сосема нови поглавја. Бројчани низи во нумерологијата и спиритуалности се гледаат како ангелски броеви, односно низа од броеви...

Спорт

Актуелниот европски првак и натаму е во изолација поради позитивни случаи на Ковид-10 во своите редови. Дури 12 играчи се заразени со коронавирус, се...

Балкан

Александар Лека Ранковиќ беше првиот началник на ОЗНА и УДБА и кум на Јосип Броз Тито, но кога се случи аферата „Прислушување“ во 1966...

Забава

Соништата сè уште не се доволно истражена област на свеста, но она што е познато е дека, во некои случаи, тие ги претставуваат нашите...