20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Солксјер: Можеме да дојдеме до титулата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред денешното дерби со Манчестер Сити, истакна дека неговиот тим може да дојде до титулата во Премиерлигата, и покрај тоа што неговито тим не игра според очекувањата, особено на домашен терен.

„Знам дека од почетокот на сезоната формата на тимот оди во нагорна линија. Чувствувам дека можеме да дојдеме до титулата“, изјави менаџерот на Јунајтед и додаде:

„Растеме како тим и можеме да бидеме уште подобри. Не верувам дека некој лесно ќе ја освои титулата сезонава. На секој меч одиме на победа, ако победиме на секој натпревар, ќе ја освоиме титулата“, рече Солскјер.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести