Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Драстични промени во ЛШ, за да се спречи идејата за Супер лига

Европската фудбалска федерација (УЕФА) има план од 2024 година да направи промени во Лигата на шампионите. Англиските медиуми дојдоа до информации за какви промени се работи во елитното клупско натпреварување, а се спрема поинаков формат со цел да се спречи формирањето на новата европска Суперлига која би ја сочинувале најголемите и најбогатите тимови на Стариот континент и која практично би ја „згазила“ Лигата на шампионите.

Групната фаза ќе биде укината, а во лигата ќе играат 36 тимови од кои шест од англиската Премиер лига. Секој клуб ќе одигра по швајцарски систем по 10 натпревари, а потоа осумте првопласирани ќе одат директно во осминафиналето, а оние од 9. до 24. место ќе одиграат пред-елиминациска фаза за пласман во осминафиналето, а потоа следува завршната борба за трофејот.

На овој начин ЛШ практично би се затворила уште повеќе за помалите екипи, додека на богатите клубови ќе им се овозможи уште поголема заработувачка од ТВ правата и бонуси од УЕФА.

sportmedia.mk

најчитани вести

Балкан

Кога откриле дека вселенската програма што ја купиле е неисправна, Американците ги побарале парите, но секако не ги добиле назад. Русите први го освоија...

Забава

На социјалната мрежа Твитер се појавила урнебесна снимка каде што главни актери се Ана Бекута и нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка. Пејачката упорно се...

Забава

Многу студии покажаа дека за време на сексот, мажите постигнуваат оргазам во 95 проценти од случаите, додека жените од 50 до 70 проценти. Во...

Забава

Соништата сè уште не се доволно истражена област на свеста, но она што е познато е дека, во некои случаи, тие ги претставуваат нашите...