Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Ќе има ли ЕХФ слух и за Вардар 1961?

Актуелниот европски првак и натаму е во изолација поради позитивни случаи на Ковид-10 во своите редови. Дури 12 играчи се заразени со коронавирус, се почна по дуелот со Келце. Иако бројката е голема, и не се знае, дали ракометарите ќе бидат веднаш подготвени да влезат во ритам, сепак ЕХФ му наложи на Вардар 1961 на 22. овој месец да го одигра дуелот со Пик Сегед.

Сето ова ќе беше нормално доколку „црвено-црните“ веќе беа излезени од изолација. Засега не е познато кој ќе може да се врати на тренинг, кој ќе треба да остане во домашни услови. Целата слика ќе биде позната дури во вторник. ПЦР-тестовите ќе бидат направени во два дела, дел од играчите ќе ги направат утре, додека во понеделник ќе се тестираат оние кои подоцна се заразија.

Со оглед на долгата пауза од 14 дена, Стевче Алушовски и неговите момци ќе имаат кратко време да се подготват за мечот со Пик Сегед. Токму поради оваа причина, од таборот на македонскиот клуб ќе побараат одложување на оваа средба, не само што е кратко времето за враќање во ритам, форсирањето на играчите по Ковид-19 може да донесе нови проблеми, како повреда.

Вардар 1961 немаше среќа оваа сезона која е комплицирана токму поради пандемијата коронавирус. На месец дена оди во изолација, одигра пет меча, забележа победа, реми и три порази.

sportmedia.mk

најчитани вести

Балкан

Кога откриле дека вселенската програма што ја купиле е неисправна, Американците ги побарале парите, но секако не ги добиле назад. Русите први го освоија...

Македонија

Медиа.мк дознава дека во тек е голема полициска акција во скопско Арачиново, а како што дознаваме од очевидви има уапсени и запленета е огромна...

Македонија

Медиа.мк ексклузивно дознава дека се работи за полициска акција во врска со украдените 2 тона марихуана од магацин во село Јосифово, Валандовско. Пронајдени се...

Забава

Многу студии покажаа дека за време на сексот, мажите постигнуваат оргазам во 95 проценти од случаите, додека жените од 50 до 70 проценти. Во...