14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Или не го есапат или Мицкоски е неспособен да се избори за ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во ЕПП

Албанската Демократска Партија која е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Европската народна партија (ЕПП) вчера успеа да протне резолуција која беше усвоена на политичката асамблеа на најмоќната и најбројна коалиција во Европскиот парламент.

Резолуцијата која се базира на заклучоците и препораките на Советот и вропарламентот одмарт и од јуни, содржи 10 точки.

ЕПП во резолуцијата ја препознава длабоката криза и ги упатува власта и опозицијата на заедничка соработка.

ЕПП го препознава значењето на слободните и фер избори кои треба да се одржат наредната година.

ЕПП ги отфрла едностраните измени на изборните закони кои ја нарушуваат довербата на домашните и европските институции.

ЕПП го охрабрува парламентот да го почитува мислењето на Венецијанската комисија.

ЕПП повикува да се покренат истраги против актуелни функционери за изборни нерегуларности и нагласува дека неказнивоста е неприфатлива.

ЕПП ја охрабрува Албанија да осигури соодветно функционирање на Уставниот, Врховниот суд и останатите судски тела.

ЕПП ги охрабрува властите да се борат против перењето пари и да ги истражат случаите поврзани со градењето во Тирана.

ЕПП нотира дека и покрај судските реформи , властите не процесуирале ниту еден случај на висока корупција.

ЕПП потсетува на загриженоста во врска со Законот за медиуми.

ЕПП ја поддржува Демократската Партија на Албанија во напорите да ги застапува легитимните грижи и европските аспирации на граѓаните на Албанија.

За разлика од оваа резолуција, ЕПП нема донесено никаков документ поврзан со континуирааните обвинувања на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Иако и ВМРО-ДПМНЕ е членка на ЕПП, нема информации дали воопшто била предложена и дали воопшто се дискутирала ваква резолуција. Никој од ВМРО-ДПМНЕ не објаснува зошто ваква резолуција не е донесена за македонија, па останува да се нагаѓа дека Мицкоски не го сметаат за релевантен партнер или ВМРО-ДПМНЕ воопшто не помислило и не очекува да добие поддршка од ЕПП.

Во неколку наврати информиравме дека Мицкоски има сериозен проблем со меѓународните претставници и дека последното излегување надвор од Македонија беше во соседна Србија, но целта на овие средби не беше обелоденета. Во неколку наврати од различни центри Мицкоски беше посочен како проруски играч кој ги кочи интегративните процеси.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести