10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА РЕДОК ФЕНОМЕН НА НЕБОТО – Еднаш во 800 години

Двете најголеми планети во нашиот Сончев систем ќе бидат поблиску од кога било за создавање на „Божиќната Sвезда“.

 Јупитер и Сатурн ќе бидат на иста линија на 21 декември и ќе формираат двојна планета.

Ретката појава, инаку позната како „Божиќна Sвезда“ не е видена веќе 800 години. Според Форбс, оваа појава нема да се случи дури во 2080-та година, а потоа по 2400-тата година. Целиот свет ќе има можност да види и да фотографира.

Орбитите на Јупитер и Сатурн се на една линија на секои 20 години и двете планети се доближуваат многу една до друга. Ова е затоа што Јупитер кружи околу Сонцето на секои 12 години, додека орбитата на Сатурн трае 30 години.

Експертот за астрономија, Патрик Хартиган, објасни за Форбс дека врската меѓу двете планети е навистина многу ретка и дека луѓето навистина ќе имаат среќа да видат таков феномен.

Врските помеѓу овие две планети се многу ретки, се случуваат еднаш на секои 20 години или нешто повеќе, но оваа врска е исклучително ретка заради фактот колку близу ќе се појават Јупитер и Сатурн, вели експертот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести