10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Најбизарни бракови – Маж се ожени со перница, жена со змија.

Љубовта нема граници, или барем така велат.

Сепак, понекогаш можеби е подобро да се слуша разумот.

За животен партнер, ние најчесто ги бираме оние со кои можеме да поминеме и добро и лошо, но некои луѓе навистина имаа бизарен избор.

Од брак со замислени ликови до венчавка во перница, ова се примери на најчудни бракови во светот.

Маж се оженил со мачка

Поштар во Германија,  се ожени со својата црно-бела мачка. Мачката носеше дури и венчаница, а на церемонијата тие ангажираа актерка да биде во улога на матичар, со оглед на тоа што надлежните беа шокирани од овој случај.

Жена се омажи за Ајфеловата кула

Пред десет години, една жена по име Ерика Ла Тур Ајфел, поранешен војник, одлучи да се омажи со нејзината најголема љубов – Ајфеловата кула.

Претходно беше во врска со предмети, но сфатила дека Ајфеловата кула е нејзината вистинска љубов. На церемонијата присуствуваа најблиските пријатели, а таа го додаде Ајфел на своето презиме – сè според протокол.

Маж сам се оженил

На почетокот на ноември оваа година, откако го остави неговиот вереник, маж во Бразил, реши да се ожени самиот. Витор Буено беше во врска една година, кога, непосредно пред венчавката, неговиот вереник, исто така лекар, реши да го напушти. Сепак, Витор сепак реши да ја одржи венчавката и на интимна церемонија се заколна на вечна љубов и почит кон себе.

Жена се омажи за Берлинскиот ѕид

Еија-Рита Берлинер-Мауер се омажи за славниот Берлински ѕид уште во 1979 година. Според неа се заљубиле кога имала само 7 години, кога за прв пат го видела на телевизија.

Прво имала врска со ѕидот кога имала 13 години, изјави таа за шведска телевизија, а сега живее со копија од ѕидот, што ја направила откако беше срушен славниот Берлински ѕид.

Маж од Јапонија се ожени со аниме-лик од видео игра

Маж по име Сал, се ожени со љубовта на неговиот живот во ноември 2009 година. Нејзиното име е Нене Анегасаки и живее во видео игра на Нинтендо, наречена љубов плус.

Жена се омажи за делфин

Оваа приказна предизвика многу полемики, а луѓето ширум светот беа благо речено шокирани.

Имено, Шерон Тендлер изјави дека љубовта со Синди (делфин) е љубов на прв поглед. Конечно се осмелила и го запроси во јануари 2006 година. Среќниот „фраер“ веднаш нурна.

Жена се омажи за змија

Жена по име Бимбала Дас, тврдеше дека се заљубила во змија, се омажи за рептилот според хиндуистичките ритуали во Индија. Бимбала тогаш рече: „Иако змиите не можат да зборуваат или да разбираат, ние комуницираме на свој начин. Кога и да го оставам млекото во близина на ридот каде што живее таа (змијата) секогаш излегува да пие.

Маж се ожени со својата перница

Ли Џин-Џиу, реши да се ожени со својата омилена перница, на која има фотографија од аниме ликот Фата Тестарос од цртаниот филм „Волшебно девојче“.

Ли е целосно опседнат со оваа перница и ја носи насекаде.

https://youtube.com/watch?v=_qrH0QUm0SU

Жена се омажи за дух

Не само што се омажи за дух, туку беше и дух на починат пират. Духот е стар дури 300 години.

Аманда Спароу Ларџ, на церемонија на Хаити, му се заколна на вечна љубов на духот за кој тврди дека е љубовта на нејзиниот живот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести