19.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ТРАМП НЕМА НАМЕРА ДА ОТСТАПИ – Сеуште тврди дека ТОЈ Е ПОБЕДНИК

На својот прв пост изборен митинг по изборите во САД, Доналд Трамп повторно во Џорџија вчера тврдеше дека ќе победи на изборите.

„На пат сме да победиме на овие избори“, рече Трамп пред стотици приврзаници собрани на отворено во Валдостa. “Тие ќе се обидат да нè убедат дека сме изгубиле. Ние не изгубивме”, додаде тој со воодушевувачки извици.

И покрај обвинувањата на Трамп за изборна измама, судовите отфрлија голем број тужби поднесени од неговите адвокати низ САД.

Доналд Трамп дојде на митингот во Џорџија, за да ги поддржи двајцата републиканци, Дејвид Пурдју и Кели Лофлер, кои на 5 јануари ќе се натпреваруваат со демократите Џон Ософ и Рафаел Ворнок за двете места во Сенатот.

Трамп повторно остро го критикуваше гувернерот на таа конзервативна држава, Брајан Кемп, кој е републиканец и негов поранешен сојузник, повикувајќи го повторно да ги провери гласачките ливчиња од претседателските избори.

Изборниот резултат во Џорџија веќе е проверен и потврден, а Џо Бајден освои само 13.000 гласови повеќе од Доналд Трамп.

Исходот од изборите за Сенатот ќе одреди кој ќе го контролира. На демократите им е потребна двојна победа за мнозинството и доколку републиканците освојат дури едно место, тие ќе ја задржат контролата во Сенатот и ќе можат да ги блокираат повеќето предлози на Бајден.

Некои републиканци стравуваат дека Трамп може да им наштети на своите сопартијци зборувајќи за изборни измами на политичките митинзи.

Републиканците сега имаат 50 места во Сенатот, а демократите 48 од вкупно сто места.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести