10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Таа е “Надарена убавица”, но и смртоносен лидер на КАРТЕЛ – Ова е ЛА ЧОЛИТА

Тие велат дека никому не му било паметно да и застане на патот. Кој ќе се зафати со нејзината убавина и провокативна слика на социјалните мрежи, ќе падне во „пајаковата мрежа“ и нема спас за него. Буквално.

Нејзиното име не е познато на пошироката јавност, но во Мексико ја нарекуваат Ла Чолита. Таа е наводно лидер на картел со необично име „Los Viagras“, чиј непријател и главен ривал е озлогласениот „Jalisco New Generation cartel“.

Самото име „New Generation“ во името на ривалот на Ла Чолита имплицира дека ова е нов вид војување меѓу младите мексикански картели, што често се случува на социјалните мрежи, пред да биде пренесено на улиците.

„Цицлестата“ Ла Чолита, како што ја нарекуваат на Snapchat, обожава да ги повикува ривалите, а кога ќе се случи средба надвор, таа обично завршува со неколку убиства.

Мичоакан, земјата со најголема стапка на криминал и убиства во Мексико, е локацијата каде што Ла Чолита и нејзините луѓе се вмешани во војната околу дрогата. За Ла Чолита се вели дека е наследничка на Катрина, девојка која беше убиена минатата година во престрелка, размена на оган во предградијата меѓу двете групи.

Катрина беше немилосрдна и многу опасна девојка, па затоа на Чолита потешко и е да ја наследи. Сепак, има армија од дваесетина млади мажи и жени околу себе, и сите тие се дел од многу поголем картел што го контролира овој дел од територијата на Мексико.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести