7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Премиерот Заев за Канал 77: Ние сме Македонци, зборуваме македонски и сме членка на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваат македонски и ќе сме членка на ЕУ

Ние сме Македонци што зборуваме македонски и сме членка на НАТО, ние ќе бидеме Македонци што зборуваат македонски и ќе сме членка на ЕУ, а патриотизам е да не бидеш заглавен во минатото и со тоа да ја загрозуваме сегашноста којашто никако не може да ја отвори иднината, рече премиерот Заев во интервју за радио Канал 77.

„Патриотизам во политиката е да обезбедиш двајца грчки премиери да потврдуваат постоење македонски јазик и македонски народ. Што бранат лидерите на опозицијата овие денови со протестите што ги организираат? Нели го изгубивме идентитетот со договорот од Преспа, како што велеа тие? Тешко, невозможно е да се постигне консензус со луѓе што лажат дека Холандија и Данска го блокираат усвојувањето на преговарачката рамка. Деманти стигнаа од највисоките политички институции на овие земји. Да лажете не е патриотизам“, рече премиерот Заев во интервјуто за Канал 77.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести