6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Мицкоски го оддалечува ВМРО-ДПМНЕ од прозападната ориентација !

Во најнова студија изработена по нарачка на Европскиот парламент како извор на дезинформации во Македонија се истакнати профилот на социјалните мрежи на Христијан Мицкоски заедно со оној на Миленко Неделковски како извор на дезинформации и лажни вести. Како извори на лажни вести се наведени и неколку портали блиски до Христијан Мицкоски, а во сопствеништво на сомнителен унгарски бизнисмен.

Анти-Нато новинарот Миленко Неделковски и близок пријател на контроверзниот бизнисмен Орце Камчев е ударната медиумска перјаница на Мицкоски. Мицкоски се откажа од западните вредности токму поради стратегијата на лажни вести на Неделковски, за која верува дека може да му донесе власт без работа и без победа на избори.
Во последниве неколку години е зајакнато инвестирањето од Унгарија на македонскиот медиумски пазар, вели студијата и наведува дека се купени неколку медиуми, ТВ Алфа, Курир и Република, кои се блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

“Овие медиуми се вмешани во бројни дезинформациски кампањи, не само за дискредитација на Владата на СДСМ, туку и за поткопување на Преспанскиот договор со Грција и другите евро-атлантски напори на земјата“, се наведува понатаму во студијата.

Студијата заклучува дека дезинформациските кампањи во Северна Македонија имаат важна компонента поврзана со социјалните медиуми, но воглавно се потпираат врз традиционалните медиуми, особено врз локалните и општинските медиуми, весниците и магазините, како и на телевизијата, за нивно ширење.

Мејнстрим медиумите повеќе не се сметаат за главен извор на дезинформации, но студијата ја наведува Телевизијата ТВ21 која, „иако се смета за квалитетна телевизија, била вмешана во ширење дезинформации за Ковид-19″.
„Другите големи дезинформациски канали, откриени во нашата анализа на социјалните мрежи, го вклучуваат интернет-порталот Инфомакс.мк, и профилите на социјалните мрежи поврзани со кампањата за бојкот на референдумот, како и на познати личности, меѓу кои и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, анти-западниот коментатор Миленко Неделковски и поранешниот премиер Никола Груевски“, се наведува во студијата на Европскиот парламент.

Наместо да ги подобрува, Мицкоски ги влошува односите на ВМРО-ДПМНЕ со меѓународната заедница

Мицкоски веќе долг период нема остварено ниту една средба, додека пак еврокомесарот Вархеји го “бркаше” на скопскиот аеродром за кратка средба. Комесарот Вархеи најголемиот дел од работната средба го помина во Собранието на Република Македонија, кое е само на неколку метри од канцеларијата на Мицкоски во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак за да се сретне со него одбра тоа да биде во ВИП ложата на аеродромот во Скопје, непосредно пред неговото заминување. При средбата, со Вархеи не беше присутен ниту еден соработник од неговиот кабинет, што значи дека средбата била неофицијална и пораките што му ги упатил на Мицкоски нема да влезат во ниту еден документ.

Медиа.мк веќе пишуваше за меѓународната изолација во која Мицкоски ја вовлече и ВМРО-ДПМНЕ

Последниот извештај од Брисел е уште едно камче во мозаикот од сомнежи дека Мицкоски преферира да игра на карта на истокот.

Ова е уште една во низата критики од западните партнери за работењето на Христијан Мицкоски. Претходно беше обвинет и од бившиот германски амбасадор Клауд Шајмаер дека има удел во бугарското вето за Македонија.

Во интервју за Телма и амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс испрати сосема јасна порака до Мицкоски и неговите најблиски соработници околу целокупното нивно делување изминатиов период.

  • Првата работа што ја бараат граѓаните се решенија. Многу лесно е да се укаже на предизвиците, да се критикува, но она што е тешко е да се работи заеднички на ефективни решенија. Се надеваме дека опозицијата, но и сите политички партии, сите организации, ќе застанат зад овие две цели. Прво за да се заштити нивното здравје и здравјето на граѓаните и второ да инвестираат во позитивна иднина која доаѓа со реформската агенда и напредокот на евро-атлантскиот пат, изјави Брнс во интервјуто за Телма.

Мицкоски имаше силно разидување на ставовите и со американскиот помошник државен секретар Рикер.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести