Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

Клоп: Имам омилен дрес, тоа е дрес на Штутгарт кој баба ми ми го соши

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп се врати наназад во младите години и зборуваше за првите впечатоци околу фудбалот. Клоп 11 години играл за Мајнц каде што ја завршил кариерата, а потоа тргна во тренерски води и тоа токму во Мајнц, па од таму во Борусија Дортмунд и сега во Ливерпул.

Но Клоп откри кој му е најомилениот дрес што се уште го има дома. Се работи за дрес на Штутгарт кој му буди убави спомени од детството.

Првиот фудбалски меч што го гледав беше на Штутгарт. Бев дете и баба ми ми соши дрес што личеше на тој на Штутгарт (бел со црвена хоризонтална линија на средина). Беше од лош материјал затоа што постојано ме чешаше кога ќе го носев, меѓутоа тоа е најубавиот дрес што го имам. Не се сеќавам на натпреварот, ниту на противникот, имав пет или шест години. Беше одамна, но тоа не е важно. Беше подарок од баба и бев многу  среќен. Немав можност често да одам на фудбалски натпревари, но кога ќе купевме билет, три или четири дена пред мечот бев возбуден, а потоа со месеци зборував за тој натпревар“, изави Клоп.

sportmedia.mk

најчитани вести

Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски се обрати пред присутните на денешниот протестен собир, на крајот на говорот тој извика “да живее Зоран Заев”, присутните...

Македонија

Тажна слика стигна од сите протести организирани вчера од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата веќе не испраќа ниту фотогалерија туку само изјави од говорниците. Според...

Забава

Некогаш популарната ТВ водителка Јована Јоксимовиќ морала да да ги спакува куферите од ТВ Прва поради непрофесионално однесување како што тогаш изјавиле од споменатата...

Забава

Цеца Ражнатовиќ досега два пати гостуваше во една иста емисија, односно во „Хит Твит“ на Пинк. Првиот пат беше на 10 мај кога и...