10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Фотелјата помила од партијата и државата: Мицкоски останува сам на протестите, но не се повлекува од функцијата

Тажна слика стигна од сите протести организирани вчера од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата веќе не испраќа ниту фотогалерија туку само изјави од говорниците. Според информациите од терен на повиците на првиот човек на партијата не се одзиваат повеќе од 50 до 100 партиски функционери. Енергијата е на нула, а разочараноста видлива.
На протестите кои Мицкоски ги најави како натпартиски, граѓаните не излегуваат. Нема видни личности. Вчера се обратија пратениците Рашела Мизрахи, Бојан Стојановски, Љупчо Димовски, Бране Петрушевски, арко Костовски, но и партиски функционери како Владимир Неловски, Сергеј Попов, Стевчо Јакимовски и Стефан Андоновски. Независни интелектуалци , нема ! Масовност, нема ! Енергија , нема !
Јасно е дека Мицкоски со своите апели, ставови, актерски настап, наместо да ги привлекува граѓаните, тој ги одвраќа од протести. Народот е свесен дека темата е исклучително важна, исто како што е свесен дека Заев лошо ја менаџира ситуацијата. Единственото нешто што ги одвраќа граѓаните е сомнежот во искреноста и капацитетот на Мицкоски.
Затоа протестите организирани од него служат за мајтап на социјалните мрежи, а граѓаните се летаргични бидејќи не гледаат некој што има капацитет да ги поведе.
Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ веќе прогласија дека е ова победа на власта.


Тие го подучуваат Мицкоски дека сосема ги промашил протестите, обвинувајќи го дека си игра протести.

Коментираат дека слабиот одзив е директен одговор од народот на повикот на Мицкоски.

Граѓаните се сомневаат дека се глумат протести заради скриени мотиви. Тие ги бараат мотивите во креирањето на апатија која што директно му оди во прилог на Зоран Заев.


Граѓаните му порачуваат на Мицкоски дека залудно го троши времето. Протестите ги оценуваат како бламажа и глумење лудило.


Некои бараат Мицкоски да му го препушти местото на Апасиев.


Коментарот на присутните е дека на протестите се појавуваат повеќе медиуми отколку протестанти.


Некои на шега прогнозираат дека следниот процес на Мицкоски би требало да биде со хелихоптери кои би надлетувале над влада.


Во продолжение ви пренесуваме и дел од останатите многубројни коментари со кои е проследен протестот организиран од Мицкоски.


За утре Мицкоски најави протести во 20 града. Повторно нема да се одржат во Штип. Дали Мицкоски мисли дека штипјани се согласуваат со ставовите на Заев во врска со Бугарија и дека ВМРО-ДПМНЕ таму не може да собере десетина луѓе, нема одговор.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести