7 C
Skopje
сабота, април 17, 2021
spot_img

Фановите на италијански третолигаш му го запалиле домот на капитенот

Здружението на италијански играчи го осуди „подлиот“ напад врз капитенот на италијанскиот третолигаш Фоџа, Федерико Џентиле, кому ултрасите му ја запалија влезната врата од домот.

Локалните медиуми велат дека 35-годишниот Џентиле бил дома со сопругата и малите деца кога синоќа се вклучиле алармите за пожар. Од клубот денеска посочија дека се шокирани од подлиот чин на своите навивачи, посочувајќи дека „можеше да биде далеку, далеку полошо“.

„Спиев кога се разбудив и видов чад. Јас сум потресен. Дојдов тука да играм, па сега очигледно размислувам да заминам, затоа што ова го доведе во опасност моето семејство“, вели тој.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести