13 C
Skopje
вторник, април 20, 2021
spot_img

Мицкоски три години зборува за „идната“ влада на ВМРО-ДПМНЕ, но членовите очекуваат идниот претседател конечно да ја донесе

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што ќе ја предводи идната блада, која што ќе биде влада на национално единство нема ниту една реченица од евентуално парче хартија кое што ќе го потпише двоецот Заев и Бучковски да го почитува“, изјави Мицкоски во своето обраќање пред малкумината сопартијци во Куманово.
„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“ е синтагма која што Мицкоски ја споменува уште од неговото седнување во претседателската фотеља. Освен што тој остаре споменувајќи ја „Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, остареа и членовите, а партијата брои само порази. Тоа е веројатно една од причините зошто се помалку членови излегуваат да го слушнат Мицкоски за „Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, а вчера во Куманово не се појавиле ниту стотина.

„Идната влада“ требаше да биде семоќна и безгрешна ама никој не му верува на Мицкоски

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“ што ја ветуваше Мицкоски за почеток требаше да ја намали невработеноста под 10% и рамниот данок на 8%.

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“ што ја ветуваше Мицкоски требаше да донесе инвестиции од 4 милијарди евра.

Јасно дека тоа ќе го стори само ако фокусот е на економијата.

Сепак „Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“ што ја ветуваше Мицкоски не би била семоќна ако не и биде фокус и борбата против организираниот криминал и корупција.

Нормално „Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“ што ја ветуваше Мицкоски имаше капацитет и да ги деблокира европските процеси.

Очекувано дека за ваква „Идна влада на ВМРО-ДПМНЕ“ што ја ветуваше Мицкоски дека структурите на ДУИ „се молеа“ да влезат во неа, но првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ самоуверено им порача дека не може да им даде гаранции се додека не им ја види програмата.

Кога на сите им беше јасно дека Мицкоски е сериозен со ветувањата за „Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“ , почнаа да му намигнуваат и кандидати за пратеници од СДСМ.

Откако почна да зборува за идната влада, партијата предводена од Мицкоски почна да брои само порази. Затоа Иницијативниот одбор за вонреден конгрес и останатите неформални групи првин очекуваат да го видат идниот претседател на партијата за да може да се надеваат на „идна влада на ВМРО-ДПМНЕ“.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести